fbpx

Мило дете, ти посакуваме силно здравје! Малиот Никола е голем борец

Конечно среќа во семејството Ристоски

Убава вест споделија од скопската Клиника за гинекологија и акушерство. Истата ви ја пренесуваме во целост.

Семејството Ристоски конечно можат да се смеат и никој да не им забележи колку гласно тоа го прават, да пеат и повторно никој да не им забележи колку тоа гласно го прават, а посебно најмалиот Ристоски, малиот Никола, големиот борец.. Тој нека се смее.. Нека пее и нека потплакува понекогаш гласно, најгласно.

Малиот Никола беше роден во 27 гестациска недела со телесна тежина од 900 грама. Никола беше храбар и победи и по 65 дена престој на ОИНТ не’ поздрави и си замина домче кај мама и тато.

Мило дете, ти посакуваме силно здравје и бескрајно среќно детство!

На персоналот на ОИНТ, ви благодариме што несебично се грижите за овие мали души што поскоро да закрепнат, што побрзо да пораснат.

Следни Објави

По смртта на жена му ѝ го отворил паричникот: Се шокирал!

Џими и Били Бриланд биле речиси шест децении во брак. Се венчале 1954 година и оттогаш уживале во искрена љубов. Ги изгледале децата и внуците, а тогаш се случило нешто што на Џими му го скршило срцето. Били била учителка, а во слободно време писателка. Била позната по тоа што […]