fbpx

Лоши вести за Ѓорѓе Давид кој смртно прегази жена: Еве што е одлучено

Обвинителот побара да му се одземе пасошот на српскиот пејач Ѓорѓе Николиќ, познат како Ѓорѓе Давид, кој смртно прегази жена близу границата „Табановце“. Оваа мерка на претпазливост беше изречена од судот.

„По предлог на Основното јавно обвинителство Куманово на странскиот државјанин кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце му се определени мерки на претпазливост – привремено одземање на патна и друга исправа (лична карта и возачка дозвола) за преминување на државната граница и обврска да се јавува во Судот“, велат од Обвинителството.

Засега непознати се и резултатите од анализите на крв направени за пејачот. Обвинителството заедно со МВР работат во нивно изготвување, како и во утврдувањето на одговорноста кај возачот, кој прегази жена која била во автомобил што направил сообраќајна несреќа неколку минути порано, пишува „Скопје1“.

Истовремено, пејачот Ѓорѓе Давид од болница даде првична изјава за српските медиуми.

„Имав блага скршеница, се смири. Никогаш во животот не сум згазнал куче, а камоли ова. Сè уште сум во благ шок, тоа е пекол“, призна рокерот откривајќи во каква состојба е.

Следни Објави

Нови детали за трагедијата, Ѓорѓе Давид е распаметен: Еве како се бранел рокерот

Сè уште топ-тема не само кај нас, туку во целиот регион е тешката сообраќајна несреќа во која Ѓорѓе Давид доживеа верижен судар и смртно прегази 49-годишна жена. Популарниот рокер кој помина со лесни повреди мора да биде во Скопје до петок, кога судот ќе одлучува за неговата судбина. Најавено е […]