fbpx

Прва објава на Ѓорѓе откако смртно прегази жена: Емотивно ѝ се обрати на оваа македонска пејачка

Низ исклучително тежок период минува рокерот и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, откако минатиот викенд имаше сообраќајна несреќа во Македонија, налета на жена која се движеше по автопат и ја усмрти.

Сега тој за прв пат се огласи на социјалните мрежи и сподели порака што му ја испрати нашата Славица Ангелова, младата пејачка на која музичарот ѝ беше ментор и која победи во шоуто.

„Целата моја љубов и поддршка ја испраќам до мојот ментор, човек кој безброј пати ја покажал својата хуманост и големина. Навистина ми е жал што минува низ такво мрачно време, но неговите срце и душа се толку искрени. Сакам да изразам сочувство до семејството на загинатите во овој трагичен настан. Господ да им даде сила да ги пребродат овие тешки денови“, напиша Славица.

Ѓорѓе ја сподели нејзината објава и ѝ се заблагодари со зборовите: „Ти благодарам, сине“.

Ѓорѓе Давид останува во Македонија.

„По предлог на Основното јавно обвинителство Куманово на странскиот државјанин кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце му се определени мерки на претпазливост – привремено одземање на патна и друга исправа (лична карта и возачка дозвола) за преминување на државната граница и обврска да се јавува во Судот“, потврдија од Обвинителството.

Следни Објави

Падна одлука! Неочекуван прилив кај оваа група луѓе

Утре среќата ќе им се насмее на овие луѓе Претставниците на следните три хороскопски знаци ќе бидат „магнет за пари“. Овен Во следните неколку дена ќе бидете под силно влијание на личност под знакот на Водолија, која е голем поддржувач на вашиот бизнис. Немојте да бидете изненадени од вашата реакција […]