fbpx

Ѓорѓе Давив пуштен од Македонија: Сè уште е во шок, еве што најави за утре

Рокерот и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, на 20 јануари доживеа сообраќајна несреќа во која смртно прегази 49-годишна жена на ватопатот во близина на Куманово.

По несреќата, популарниот музичар мораше извесно време да остане во Македонија, а сега конечно е пуштен да се врати во Србија.

По трагедијата од која се’ уште не може да се соземе, Ѓорѓе Давид е подготвен утре да зборува за немилиот настан на прес-конференција и да раскаже како дошло до несреќата пред да излета од патот со својот автомобил, пренесува „Телеграф“.

Според последните информации, како што пренесуваат српските медиуми, прво се судриле два автомобили, „фолксваген поло“ со кумановски регистрации и „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички. Како што се посочува во соопштението, до судирот дошло кога возачот на еден од автомобилите влегол на автопатот во спротивна насока.

„По тој првичен судир од автомобилот излегла сопатничката од возилото со кумановски регистрации и во тој момент на неа налетал автомобил „Opel insignia“ со српски регистарски таблички. Од ударот жената се здобила со тешки телесни повреди, од кои починала“, се наведува во соопштението на обвинителството.

Како што се додава, издадена е наредба за обдукција на жртвата, но и за преглед на примероци од крв и урина на останатите учесници.

Собрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење за прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа“, се додава во соопштението цитирано од „Телеграф“.

Следни Објави

Прва фотографија на Бујар Османи со синот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, третпат стана татко. Радосната вест ја сподели на социјалните мрежи. „Со срца исполнети со радост и благодарност, Валбона и јас со задоволство го најавуваме доаѓањето на нашето трето дете, Лав. Неговото име симболизира сила и храброст, се надеваме дека ќе го инспирираме, бидејќи им […]