fbpx

Ѓорѓе Давид предупреден! Нова опасност по трагедијата, ОВА мора итно да го направи!

Основното јавно обвинителство Куманово ја извести јавноста дека мерките на претпазливост определени спрема странскиот државјанин кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце сѐ уште се на сила.

Нивната реакција следуваше откако повеќе српски медиуми објавија дека Ѓорѓе Давид денеска ја напуштил нашата земја и се вратил во Србија.

Согласно информациите кои ги има обвинителството до овој момент, тој не ја напуштил државата и утрово се јавил во Судот како што му е определено, информирааа од обвинителството.

Популарниот рокер и член на жирито во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ го следи лоша среќа, пишува српски „Свет“, алудирајќи дека во сообраќајка го загуби и татка си.

Еден од водечките регионални астролози за истиот медиум објаснува дека Ѓорѓе Давид има лоша карма.

„Ова е тежок хороскоп, бидејќи претставува личност која има за задача да направи нешто во животот што никој друг не го направил. Голема сила, издржливост и интелект го красат Ѓорѓе Давид. Сепак, тој поминува низ многу искушенија. Најлошо стои на полето на семејството, кое овде е нападнато-смрт, убиство, самоубиство, насилство. Ѓорѓе ја носи кармата на своите предци, поточно неговиот татко кој загина во несреќа. Со влегувањето на Плутон во Водолија, неговиот знак Шкорпија сега е нападнат со екстремен аспект кој е многу опасен, буквално како атомска бомба. Тој е ментално силен, но во себе носи болка поради семејството, а тоа го угнетува цел живот. Ќе биде многу непријатно кога Уран ќе земе директен замав од 27 јануари. Најдобро е да не вози тогаш, да најде шофер. Тешките аспекти кои сега се на небото навистина не му одат во прилог“, вели астрологот за „Свет“.

Следни Објави

Ќе се вратат ли принудно дома околу 24.000 Македонци? Еве што ќе се случува со пасошите

Паника меѓу македонските граѓани, би ги изгубиле договорите, а со тоа и многу пари Илјадници Македонци кои се на привремена работа во странство би можеле принудно да се вратата во татковината затоа што не им се променети пасошите. Овие патни документи стануваат неважечки по 12 февруари, доколку не се променети […]