fbpx

Нова одлука за македонските пасоши: Еве што најави владата

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави дека во следниот период ќе се воведе двосменско работење за да им се излезе пресрет на граѓаните кои вадат нови пасоши.

Тој ја информира јавноста дека од среда пунктот пролет го враќаат во целост во системот на нормалност и системот на правилно функционирање на оваа постапка во рамки на министерството.

„Што значи тоа? Наместо популистички методи, јако најавувани, кои што катастрофално се менаџирани, со четворица луѓе кои фотографираат на 10 базни станици, од среда предметниот пункт ќе функционира со 14 базни станици, со 14 фотографи, луѓе, полицајци вработени во МВР, коишто доброволно се ангажираа да и помогнат на Македонија, и од срце им благодарам за тоа, и ќе бидат соодветно во рамки на закон наградени за тоа, достоинствено, а не како до сега праќани под казна“, вели Тошковски во изјава за телевизија Телма.

„Од понеделник, овој што иде, воведуваме и втора смена, каде што уште 14 доброволци од МВР ќе бидат ангажирани дополнително. Тоа значи дека капацитет од четири базни станици кои што фотографираат и обезбедуваат понатаму издавање на лични документи, ние ќе го зголемиме фактички на 28 во еден ден“, вели Тошковски.

Следни Објави

Струмичани се простуваат: Почина омилената Маре, нејзината хуманост нема никогаш да ја заборавиме

Почина Маре Поп Зафирова, познатата хумана фризерка која со години им помагаше на другите. На социјалните мрежи со трогателни посвети се простуваат од жената која на 52-годишна возраст ја загуби битката со тешката болест. Маре ја познаваа сите во Струмица, бидејќи работеше како фризерка повеќе од три децении, а пред […]