fbpx

Важно соопштение за сите со закажано сликање за пасош и за лична карта: Ако терминот ви е на овие датуми, проверете!

Министерството за внатрешни работи издаде важно соопштение за граѓаните кои на 29 и 30 ноември имаат закажано термини за фотографирање и замена на лични документи во Скопје.

Пунктовите за издавање на лични документи ќе работат со полно работно време, што значи дека закажаните термини ќе бидат реализирани.

Ова доаѓа по одлуката донесена на седницата на Владата според која работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29 ноември (среда) треба да заврши во 12 часот, а 30 ноември (четврток) да биде неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје, како и за основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ.

Со цел непречено функционирање на процесот на замена и издавање на личните документи, службите за граѓански работи ќе работат редовно, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат закажаните термини.

Следни Објави

Вакво нешто не сте виделе! Ја фатија како краде, професионалка е, нема збор

Камерата ја фати жива како краде во фризерски салон!! Подзаборавено видео повторно стана вирално на социјалните мрежи, откако еден случаен корисник го постираше на „Твитер“. „Оваа жена навистина знае што прави“, искоментира тој. Снимката е направена во Белград. Една жена влегува во фризерски салон прашувајќи за бои за коса. Се […]