fbpx

Ќе се вратат ли принудно дома околу 24.000 Македонци? Еве што ќе се случува со пасошите

Паника меѓу македонските граѓани, би ги изгубиле договорите, а со тоа и многу пари

Илјадници Македонци кои се на привремена работа во странство би можеле принудно да се вратата во татковината затоа што не им се променети пасошите.

Овие патни документи стануваат неважечки по 12 февруари, доколку не се променети согласно Преспанскиот договор, а Агенциите за посредување за работа во странство за „Телма“ тврдат дека, според нивни сознанија, 24.000 нашинци треба да се вратат и да ги прекинат работните ангажмани.

Од 2021 се издаваат пасоши преку дипломатско-конзуларни претставништа, каде се издадени преку 50.000 патни документни.

МВР и МНР отворија девет базни станици и шест мобилни станици за пасоши за нашите емигранти.

Засега нашинците одговори бараат по фејсбук-групите и неизвесно е како ќе се снаоѓаат.

И на фејсбук-страницата „Македонци во Германија“ која има повеќе од 13.000 следбеници топ-тема се македонските пасоши.

Пред неколку дена, администраторите на оваа страница објавија официјален одговор од нашата амбасада на прашањето дали македонските пасоши ќе важат и по 12 февруари.

Пасошите со старото уставно име ќе важат само до 12.02.2024 година, потоа не. И со нив не може да се патува никаде по таа дата.

Еве го комплетниот одговор:

Следни Објави

Тага и неверување! Почина Тони Димитровски

Тажна вест На 51-годишна возраст утрово во Штип почина бизнисменот Тони Димитровски-Папата, сопственик на компанијата Хамачи, објави локалната телевизија Стар. Повеќе од три децении, Димитровски го градеше бизнисот на повеќе полиња и за целиот период бележеше огромни резултати, велат неговите сограѓани. Спаѓа во редот на најголемите бизнисмени не само во […]