fbpx

Нови детали за смртта на Мирко Петровски

Телото било предадено на обдукција

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти детали за смртта на Мирко Петровски, повеќекратниот македонски фитнес и бодибилдинг шампион кој почина вчера на 47-годишна возраст.

„На 06.03.2024 година во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачје на Кисела Вода бил пронајден починат М.П. (47) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство“, велат од МВР.

По наредба на јавен обвинител неговото тело било предадено на обдукција.

Човекот кој беше персонален тренер на многу познати личности, на последниот ден од минатата година одлучи да проговори за тешкиот период со кој се соочил. 

Неговата исповед можете да ја прочитате ОВДЕ!

Следни Објави

Болката е голема, мајко: Еве како изгледа ќерката на Атина Апостолова

На 77-годишна возраст денеска почина легендарната македонска пејачка Атина Апостолова. Колеги од естрадата, роднини и пријатели се простуваат од неа на социјалните мрежи. Пред малку се огласи и нејзината ќерка Жаки Стојановска која со семејството живее во Гевгелија. „Болката е голема, мајко. Солзите течат, ти не’ напушти. Почивај во мир, […]