fbpx

Пресврт! Нови сознанија за убиениот доктор во Железара

Лекарот пронајден мртов во Железара не бил убиен во автомобилот, туку таму било донесено телото.

Ова за „Слободен печат“ го откри дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев.

„Колегите сè уште работат, ги собираат информациите од терен, подигнати се доказите од автомобилот кој е најден, каде што е најдено лицето и според наши сознанија и според тоа што досега е утврдено можам да потврдам дека лицето не е убиено во автомобилот, туку е донесено во автомобилот. Повеќе не би можел да откријам за да не ја нарушиме истрагата“, вели Бојмацалиев.

Од Обвинителството, пак, апелираат во оваа фаза на постапката институциите да се воздржат од изнесување информации од чувствителен карактер, бидејќи сторителот се’ уште не е откриен.

Пред две недели матичниот доктор Ацо Трповски беше пронајден мртов со девет убодни рани на паркингот пред Поликлиниката Железара. Го нашле неговите синови.

Следни Објави

Васил прерано нè напушти: Хероите имаат посебно место кај Бога

Тажна вест на социјалните мрежи сподели Пали Колефски, градоначалникот на Пустец. По тешко боледување почина 33-годишно момче, а тој од него се прости со потресна објава. „Со голема жал ја примивме веста дека нашиот Васил Јанкула, преспанскиот херој, прерано не’ напушти. Васил, сите нас не’ научи дека не постојат пречки […]