fbpx

Таткото на Вања да се пушти од затвор! Адвокатот бара, причината е шокантна

Мерка куќен притвор бара одбраната за таткото на Вања.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ вели дека иако ниту една мерка не е оправдана за него, со куќниот притвор би се помогнало на семејството кое е погодено од големата трагедија.

Туфегџиќ тврди дека Александар Ѓорчевски се’ уште не е сослушан во обвинителството. Вели дека исказ дал само во предистрага кога му е одреден краткотрајниот притвор.

„Лицето има дадено исказ во прелиминарна фаза на предистрага кога му бил определен краткотраен притвор, за да биде повикано во фаза на истрага да даде целосен исказ со кој ќе појасни што видел, слушнал и со кои лица преземал дејствија со цел пронаоѓање на неговата ќерка во периодот од 27 ноември до денот на неговото лишување од слобода, воедно како, со кого и на кој начин ги обезбедувал и предавал видео записите на полициските службеници, како и за многу други прашања битни за целосно расчистување на овој настан“, вели адвокатот Туфегџиќ.

Институциите молчат веќе неколку дена по објавените видео снимки за случајот Вања од српскиот политичар Срѓан Ного, кој тврди дека властите го наместиле таткото.

Од Обвинителството велат дека доколку се утврдат елементи на кривично дело ќе преземат дејствија за објавените материјали. Апелираат лицата кои објавуваат вакви снимки да размислат за етичноста и за вознемирувањето што го  предизвикуваат кај семејствата на жртвите.

Истражната постапка е во тек.

Следни Објави

Естрадата во солзи: Почина омилениот пејач од „Никогаш не е доцна“

Драгутин Димитријевиќ-Гута, поранешен натпреварувач во шоуто „Никогаш не е доцна“, ненадејно почина на 59-годишна возраст по кратко и тешко боледување. Како што наведуваат српските медиуми, здравствената состојба на Гута нагло се влошила откако го загубил својот брат. Драгутин се бореше како лав до последниот здив, но за жал болеста беше […]