fbpx

Познат е идентитетот на убиениот доктор во Железара: Први снимки

Министерството за внатрешни работи и официјално ги потврди информациите за убиството на 67-годишниот доктор во скопската населба Железара.

„На 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, во парк во близина на поранешна фабрика Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од полицијата.

Според неофицијалните информации до кои дојде „Прес 24“ станува збор за доктор кој бил пред пензија. Во поликлиниката под концесија држел амбуланта како матичен лекар и бил почитуван од пациентите. Нема информации кои се мотивите за убиството.

Истиот портал објави и неколку фотографии.

Следни Објави

Денеска е Младенци: Жени, ова мора да го направите!

Денес се празнува еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Се верува дека какво ќе биде времето на овој ден, такво ќе биде цела пролет. На овој ден кој секогаш паѓа за време на Велигденскиот пост, именден празнуваат Младен, Младенка.. Инаку, овој празник е ден на младите сопружници кои […]