fbpx

Васил прерано нè напушти: Хероите имаат посебно место кај Бога

Тажна вест на социјалните мрежи сподели Пали Колефски, градоначалникот на Пустец.

По тешко боледување почина 33-годишно момче, а тој од него се прости со потресна објава.

„Со голема жал ја примивме веста дека нашиот Васил Јанкула, преспанскиот херој, прерано не’ напушти. Васил, сите нас не’ научи дека не постојат пречки што не можат да се надминат, дека со посветеност и љубов секој успех е дофатлив. Васил беше, е и ќе остане инспирација за сите што животот им приредил потешкотии, но и за сите што го познавале или слушнале за него.

Хероите никогаш не умираат, така и Васил нашиот херој. Преспанскиот херој, со својот животен пат, ќе остане да живее во сеќавањата и срцата наши, со своите подвизи ќе ги инспирира и идните генерации.

Искрено сочувство до фамилијата и пријателите. Хероите имаат посебно место кај Бога. Вечна слава хероју и светол да ти е патот“, напиша Колефски.

Следни Објави

Малата Данка е убиена! Соопштена е страшна вест, има уапсени

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти страшна вест. Двегодишната Данка Илиќ е убиена. Вучиќ изјави дека полицијата уапсила две лица кои се осомничени за убиство на девојчето кое исчезна на 26 март. „Имаме лоши вести за Данка.. Полицијата уапси две лица кои ако добро разбирам ја убиле малата Данка. Како што […]