fbpx

Кое е новото момче на најуспешната македонска манекенка?

Познатата македонска манекенка со интернационална кариера, Катарина Ивановска, сподели неколку фотографии од празнично патување во Италија.

Таа со нејзината последна објава на социјалните мрежи ги потврди шпекулациите дека има ново момче.

Станува збор за познато лице, директорот на „Асура Груп“.

Ивановска и Стефан Ханџиски разменуваат нежности на објавените слики, а двојката е во друштво на двете деца кои нашиот топ-модел ги има со поранешниот партнер.

Катарина пред врската со Ханџиски кратко се забавуваше со поранешниот македонски кошаркар Перо Антиќ.

Следни Објави

Прва фотка со близначињата: Македонскиот водител конечно се огласи

Познатиот македонски водител Марко Новески пред две недели стана татко, а радосната вест самиот ја сподели на социјалните мрежи. „Добредојдовте Вања и Веда и фала ти Цена што ми го оствари најголемиот сон. Те сакам“, напиша тој на „Фејсбук“ по нивното раѓање. Новески сега сподели фотографија со близначињата и напиша: […]