fbpx

Била келнерка кога го сретнала принцот: Се земале по 7 дена, но наместо бајка добила страшна реалност

Наталија Алиева стана синоним за онаа изрека: „Внимавај што посакуваш, можеби ќе ти се оствари“. Оваа девојка била обична келнерка, а потоа ја забележал шеикот. Преку ноќ животот ѝ се претворил во бајка, но оваа бајка нема среќен крај.

И двајцата веднаш почувствувале хемија, а згодниот Арап немал дилема-без Наталија не се враќа дома. Една недела подоцна, внукот на владетелот на Дубаи побарал од родителите на Наталија да им дадат благослов за овој брак, што тие со задоволство го направиле.

Откако тајно го потпишале договорот во Минск, Белорусија, двојката заминала во Дубаи. Тогаш Наталија конечно сфатила во каква фамилија се омажила. Веднаш ѝ биле предадени клучевите од замокот со 1.788 соби и 257 бањи, целосно обложен во злато, имала личен возач и плакари полни со луксузна облека.

И.. се’ ќе било повеќе од бајка, да не била една ситница. Наталија на шеикот му станала втора сопруга. Била топло прифатена од неговите роднини, вклучувајќи ја и првата сопруга Саида бин Мактум ал Мактум, која многу убаво се однесувала со својата ривалка..

По луксузната венчавка во Дубаи, Наталија преминала во ислам и почнала да го носи името Ајша ал Мактум. Подоцна родила ќерка која нејзиниот татко едноставно ја обожавал. Наталија и првата сопруга на шеикот имале одлични односи, заедно се грижеле за децата, но со текот на времето романсата со принцот почнала да избледува.

И покрај тоа што ја прифатила религијата, Наталија не можела да се помири со фактот дека во муслиманска земја жените практично немаат право на глас. Различниот менталитет и воспитување довеле до тоа Шеикот да се ожени и со трета сопруга во 2015 година. Потоа работите станале уште полоши. Љубовта избледела, а останал само златниот кафез во кој живеела Наталија.

Сега таа живее практично само со својата ќерка. Шеикот се грижи да има сè што ќе посака, но тие речиси никогаш не се гледаат. Таа и нејзината ќерка излегуваат само на прошетка до 16 часот, а потоа ништо спектакуларно не ѝ се случува.

Следни Објави

Андријана ги откри плановите со Мили, но и што прво ќе направи: Искрено интервју по освоеното трето место

По вторпат си ја проба среќата во „Ѕвездите на Гранд“, по вторпат се пласираше во финалето, но овојпат го освои високото трето место. На Андријана Петрушовска за влакно ѝ избегна победата, а талентираната Македонка тврди дека не ѝ е жал што на крајот триумфирала Шејла Зониќ. „Ова е многу голем […]