fbpx

Кога дозна дека сопругот ја изневерува, смисли оригинален план: Вака му се одмазди

Изневерената сопруга смислила паметен начин да им покаже на сите што направил нејзиниот сопруг

Кога дознала дека нејзиниот сопруг ја изневерил, една жена била толку лута што сакала сите да дознаат што направил. И веднаш помислила на одмазда.

Измамената сопруга го извадила душекот од нивниот брачен кревет и на него напишала што точно направил нејзиниот маж. Потоа го извадила душекот надвор од куќата, на улица и го потпрела на оградата. За да го види секој што ќе помине!

Таа на душекот со црвено напишала: „Ја сменив бравата, Гери. Однеси го креветот кај Лора дома. К… се разведувам од тебе. Им кажав на децата што направивте во нашиот кревет и не го сакаат тато повеќе“.

Но, пораката не ја видоа само соседите. Измамената сопруга го сликала душекот и ја објавила фотографијата на форумот на социјалната мрежа „Редит“ која се вика „Да ги вклучиме децата во ова“.

Корисниците на оваа платформа се со поделени кслиња за тоа што го направила. Многумина го осудија однесувањето на нејзиниот сопруг, а едно лице напиша: „Зошто децата не заслужуваат да знаат дека некој важен во нивниот живот е лош човек? Мислам, не би им ги кажувал деталите, но ако веќе знаат што е** е, тие треба да знаат дека нивниот татко направил нешто погрешно“.

Друго лице се согласи: „Децата заслужуваат да знаат зошто нивното семејство се распаѓа. Треба да се преземе одредена воздржаност поради нивната возраст, но децата се попаметни отколку што мислиме“.Ко

Следни Објави

Двајца од пејачите обвинети, нема да ги гледаме во финалето: Пресврт во „Никогаш не е доцна“

Официјално обраќање до јавноста од продукцијата на емисијата „Никогаш не е доцна“ Двајца полуфиналисти на шоуто „Никогаш не е доцна“ се дисквалификувани од понатамошното натпреварување, а причината е измама во гласањето. Официјалното соопштение на Жика Јакшиќ во име на продукцијата порталот „Гранд онлајн“ го пренесе во целост. Долго чувана тајна: […]