fbpx

Огромна тага! Голманот на Црна Гора почина на 26 години

На 26-годишна возраст почина Матија Шаркиќ, голманот на фудбалската репрезентација на Црна Гора.

Тажната вест ја потврдија и од неговиот матичен клуб, англискиот второлигаш Милвол, на кој му се придружи минатото лето.

На Шаркиќ му се слошило во станот во Будва во кој престојувал, по што следела смрт. Неговите пријатели повикале брза помош утрово околу 6 часот и 30 минути.

Полицијата и надлежните органи ги истражуваат околностите за трагедијата, но според првичните информации најверојатно се работи за природна смрт, пишуваат регионалните медиуми.

Шаркиќ пред само десет дена ја воодушеви јавноста во Црна Гора со одличната одбрана на мечот против Белгија.

Шаркиќ е роден во Англија, каде што татко му бил амбасадор на Црна Гора. Поминал низ фудбалските школи на Андерлехт и Астон вила, за која го потпишал првиот професионален договор во 2017. Од 2020 беше член на Вулверхемптон, но главно настапуваше како позајмен играч за други англиски клубови, пред да добие вистинска шанса во Милвол.

Следни Објави

Конечно се огласи Кејт Мидлтон: Принцезата проговори за ракот, се надева на најдоброто

Принцезата од Велс сподели како се чувствува откако објави дека боледува од рак на почетокот на годинава Кејт Мидлтон преку писмо кое синоќа беше објавено на социјалните мрежи проговори за своето здравје. Таа напиша: „Ме трогнаа сите убави пораки за поддршка што ги добив во изминатите неколку месеци“. Таа потврди […]