Биле на концерт, па си пукал в глава: Нови страшни детали за починатото момче

Страхиња Николиќ е 19-годишното момче кое пред неколку дена беше пронајдено со прострелна рана во главата.

Тинејџерот од Сремска Каменица беше итно префрлен во болница, но, за жал, следниот ден почина.

Неговите пријатели се простуваат со трогателни посвети.

„Цела Каменица ќе те памети, затоа што беше пријател и добро момче“, напишаа тие на социјалните мрежи.

Според неофицијални информации, тој и уште тројца пријатели се враќале од концерт кога, според очевидци, извадил пиштол и си пукал в глава.

Се’ уште е нејасно дали во тој момент сакал да покаже храброст, па несакајќи го испукал куршумот. Кога се застрелал, паднал на тротоарот, а пријателите веднаш повикале брза помош и полиција.

Според медиумите, полицијата, истражувајќи ги сите околности на оваа трагедија, од неговите пријатели земала и парафински ракавици и со тоа утврдила дека никој од нив не пукал со пиштолот.

Следни Објави

Македонската водителка скршена: Пријателите ѝ изразуваат сочуство, трогателни зборови за татка си

Поранешната македонска водителка Маја Поцевска сподели тажна вест на социјалните мрежи. Таа со трогателни зборови се прости од својот татко. „Татичко мој, почивај во мир, иако не сум свесна дека си замина. Верувам дека ќе одиш на некое поубаво место, но во моето срце засекогаш ќе останеш и ќе ми […]