fbpx

Во Македонија доживеал пекол, сè се случило во албанските села: Чолиќ за притворот

Здравко Чолиќ со децении е еден од најпочитуваните пејачи од овие простори, а ретко кој знае дека еднаш завршил во притвор

Славниот Чола сакал да стане бизнисмен во средината на 80-тите. Имал идеја која почнал да ја спроведува, но поради тоа доживеал несреќа поради која завршил кај судија и добил досие.

Тој откри дека бил приведен во Македонија под сомнение дека купувал девизи, а потоа бил пуштен да се брани од слобода.

„Бев еден вид менаџер и човек кој имаше одредени вложени средства во областа на телефонијата, а пошироката јавност дозна дека сум се вклучил во мал бизнис дури кога бев уапсен во Охрид за претворање на кредитни средства во девизи. Тогаш во Македонија беше поевтино да се купуваат девизи отколку во Белград и Загреб“, изјави пејачот во една прилика.

Се присетува дека му било многу непријатно.

„Луѓето купуваа девизи во тие албански села. Цело време ме следеа затоа што се прашуваа што правам таму во февруари кога нема концерти и туристи… Ме чекаа и ми земаа се’. Подоцна Анте Марковиќ воведе легален откуп на девизи, а јас да причекав осум месеци немаше да се случи тоа апсење. Но, тоа беа чисти пари, немашре никако „црн бизнис“, нагласи Чолиќ.

Првиот ден бил во кабинетот на началникот. Го испочитувале, му дале вода и плескавица.

„Потоа ме пратија да спијам во хотел, а наутро се појавив на разговор кој траеше цел ден, од осум наутро до осум навечер. Тоа беше еден вид притвор со толеранција. По три дена истражниот судија ме ослободи да се бранам од слобода. Кога дојде на ред судењето, едни извикуваа„Тој е крив, осудете го“, а други викаа: „Каде го осудија човекот, па сите купуваме девизи?“, изјави тогаш Чола.

Следни Објави

За две недели ослабна 12 кила: Зоки Фаци почна со хемотерапиите, откри што го плаши најмногу

Естрадниот новинар Зоран Василевски почна со хемотерапиите откако неодамна ѝ соопшти на јавноста дека повторно се бори со канцер. Во новиот поткаст со јутјуберот Стефан Лазаров тој се појави видно ослабен. За само две недели од 90 се симнал на 78 килограми, признава дека му е исклучително тешко, но дека во оваа […]