Повеќе од шест часа „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Ватсап“ беа недостапни за корисниците. Овој глобален проблем внесе забуна кај милиони луѓе кои се плашат поради настанатиот хаос да не останат без драгоцени приватни податоци.
„Фејсбук“ наводно не е хакиран и наводно ниту еден профил не е компромитиран, ниту пак насилно „отворен“.
Сепак, ако сметаат дека податоците на било кој начин им се загрозени, корисниците би требало да ја променат лозинката, да ги избришат телефонските броеви и да ги исклучат сервисите за локација.
Се’ е достапно на Settings менито на Фејсбук-апликацијата. Исто така, без исклучок би требало да користите таканаречена 2FA заштита, односно логирање на мрежата во два чекора-со лозинката и мејлот да ви се активира и потврда за идентификација.
Менаџментот на „Фејсбук“ засега се нема огласено по овие прашања.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.