Поранешниот учесник во регионалното шоу „Парови“, Димитрије Мијатов, е пронајден мртов во пекара, пренесуваат српските медиуми.
Полицијата се’ уште ги утврдува околностите за неговата смрт.
Додека се натпреваруваше во „Парови“, Мијатов често влегуваше во конфликт со другите учесници. Во шоуто призна дека во минатото ограбувал продавници и дека двапати лежел во затвор.
Се бавел и со други нелегални бизниси за кои, исто така, раскажуваше во „Парови“.
Димитрије (42) позади себе остави болен син кој живее во Доминиканската република со својата мајка.
„Молете се за Никола. Боже, те молам помогни му“, објави во една прилика на „Инстаграм“.
Публиката го познава и неговиот брат Филип Мијатов кој се прослави во реалното шоу „Задруга“.
Фото: Принтскрин Јутјуб
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.