Пејачката и поранешна учесничка на реалното шоу „Парови 7“, Вољенка Илиќ, е пронајдена мртва во својата резиденција во Кабаре, Доминиканската Република.
Нејзиното безживотно тело е пронајдено во базенот, со нозете врзани со селотејп и тегови закачени на главата, а на главата носела бел превез, пишува „Доминикан тудеј“.
Медицинските стручњаци констатирале дека таа починала од гушење, односно давење.
На местото на трагедијата полицијата пронашла и писмо на српски јазик во кое наводно пишувало:
„Жалам, не можам повеќе да живеам. Грижи се за ќерка ти, ми се јави мајка ми“, пренесува истиот портал.
Срцепарателниот текст е проследен со фотографија од починатата мајка, како и свеќа, шест светци, плишано зајаче и пасошот на настраданата ријалити натпреварувачка, па се изгледа како да е некаков ритуал.
Телото на Вољенка Илиќ е пронајдено во четвртокот попладне во вилата К184 во населбата Перла Марина.
Партнерот на починатата, наводно, два дена немал контакт со неа, поради што побарал од пријателката да ја посети и да види што се случува.
Таа откако не успеала да ја добие ја алармирала полицијата која веднаш реагирала и која по детално пребарување го пронашла нејзиното безживотно тело во базенот.
Вољенка Илиќ беше учесник во седмата сезона на „Парови“. Се прославила во деведесеттите како танчерка и пејачка, а во тој период често ја поврзувале со белградското подземје.
По учеството во реалното шоу се пресели во Доминиканската Република, од каде редовно објавуваше фотографии.
Многумина забележаа дека оттогаш направила голема промена во својот изглед и дека ја променила бојата на косата во руса.
Таа често споделуваше фотографии од имотот на кој живее, често покажувајќи луксуз на социјалните мрежи.