На 64 годишна возраст почина Михајло Несторовски, долгогодишен туристички работник.
Битолчани ќе го паметат како управител на ТА „Палас“. Во раната младост беше истакнат активен спортист, активен кошаркар на кошарларскиот клуб Пелистер и МЗТ Скопје, а краток период во кошаркарски клуб во Америка. Несторовски подоцна беше и тренер на младински екипи при Пелистер, информира порталот „Битола њуз“.
Мише, какошто го нарекуваа неговите блиски, меѓу своите колеги и пријатели ќе остане запаметен како прекрасен човек со високи морални вредности.
Погребот ќе биде утре на Светонеделските гробишта во 13 часот.