fbpx

Македонија тагува! Загубивме одличен уметник, пејач и музичар, битолчани се простуваат

На 75-годишна возраст денеска почина познатиот карикатурист, новинар и естраден работник Миле Милевски. 

Работниот век го помина како новинар во весникот на трговското претпријатие „Јавор“ од Битола, а јавноста ќе го памети како тапанар и пејач во групата „Боцкин“.

Миле Милевски е роден во Битола во 1947 година, а првата карикатура ја објавил во „Остен“ 1969 година, која ја нацртал во студентската населба „Медицинар“ во Скопје, а уште тогаш пред 50 години Милевски предвидува што ќе се случува денес. Објавувал во Студентски збор, Нова Македонија, Трудбеник, Битолски весник, Јеж, Паулиха – Љубљана, Дело, Без Навреда, Слободен печат… Учествувал на повеќе светски фестивали и светски галерии во Скопје, Истанбул, Акшехир, Антверпен, Токио, Пескара и Толетино-Италија, пишува „Битола њуз“.

Милевски има обавено над 1.500 афоризми, а бил член и основач на групата БИК (Битолски карикатуристи).

Автор е и изведувач на песната „Минаа 30 лета“ за која го има напишано текстот посветен на вечната болка-печалбарството.

Следни Објави

Азиските деца се најздрави поради овие причини! Имаат навики незамисливи за македонските тинејџери

Растат во одговорни, вредни и чесни луѓе благодарение на дисциплината, знаејќи дека покрај правата, имаат и одговорности Методите кои се применуваат во азиските земји, лесно може да се применат и кај нас за да се зачува здравјето на децата. Во продолжение прочитајте кои техники можат да помогнат. Безбедно растојание Во […]