Не стивнуваат реакциите во регионот по самоубиството на Вук Грбовиќ, син на славниот кондиционен тренер и поранешен факултетски професор Милјан Грбовиќ.
Телото на 34-годишниот Вук беше пронајдено во парк-шума, откако полицијата претходно го лоцира неговиот автомобил.
Оние што го познавале се шокирани од трагедијата.
„Имаше совршен живот. Беше пресреќен со своите две деца. Никој не можеше да претпостави дека ќе се случи ваква несреќа“, велат тие.
Според неофицијални информации, Вук наводно се обесил поради долгови, пишуваат српските медиуми.
Грбовиќ пред три дена тргнал да ја брани дипломската работа на Факултетот за физичка култура. Со автомобилот застанал во една кафеана пред да исчезне. Во потрагата биле вклучени повеќе од 60 луѓе.
Вук пред неколку години одлучил да тргне по стапките на својот славен татко кој му беше кондиционен тренер и на Новак Ѓоковиќ во раната фаза од кариерата.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО