fbpx

Овој симптом се јавува по корона, може да трае со месеци!

Луѓето се’ почесто реагираат, лекарите се збунети

Реномираниот британски епидемиолог, професорот Тим Спектор, во неговото последно ТВ-обраќање предупреди за симптом кој се јавува кај оние кои веќе прележале корона, а кој може да трае и со месеци.

Тој на „Твитер“ објави фотографија која вознемири многумина. Станува збор за болна инфекција на рацете која се јавува неколку недели по инфицирањето со Ковид-19.

Луѓето се’ почесто се жалат на овој симптом, а лекарите се збунети.

„Ми се појави баш ваква реакција откако ја примив првата вакцина. Ми помина по дури три недели. Повторно ми се појави по ковидот. Веќе седум недели се соочувам со болно чешање“, напиша во коментар еден од следбениците на д-р Спектор.

Здравствените работници велат дека се’ уште не е јасно зошто се јавува овој симптом, но научниците претпоставуваат дека има врска со имунолошкиот одговор на вирусот.

Според досегашните истражувања, ваква инфекција на рацете се појавува кај еден од десет заболени од корона.

Фото: Твитер

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Вистината за „Васко жабата“: Ова никој не го очекуваше

Без разлика дали сте на работното место, дома или сте скокнале до најблиската продавница, веројатно од секаде ви одѕвонува рефренот „На китарата Васко жабата“.. Песната на бугарскиот бенд „Камчија оркестар“ стана вирална не само во Македонија, туку во целиот регион, па ова ремек-дело старо осум години повторно е хит. За […]