Од час во час испливуваат нови детали од масакрот во Цетиње во кој Вук Бориловиќ усмрти десет лица, пред да биде убиен.
Меѓу жртвите се и двете деца на медицинската сестра Наташа Пајовиќ Мартиновиќ на возраст од осум и единаесет години.
„Новости“ сега објави нови детали токму за ова семејство кое беше ликвидирано од страна на Бориловиќ. Пред да им подлегне на повредите, Наташа телефонски го известила сопругот Милош Мартиновиќ дека им се убиени и двата сина.
Затечен од оваа неверојатна вест, Милош веднаш го побарал Бориловиќ на мобилниот.
„Ти ја испотепав фамилијата со ловечка пушка“, му одговорил Вук на својот потстанар.
Сопруг и татко на три деца: Кој е монструмот од Цетиње кој уби 11 лица?
Крвавиот поход на Бориловиќ започнал токму со убиство на мајката и двете момчиња кои живееле како кираџии во неговата куќа. Децата починале на лице место, а нивната мајка им подлегнала на повредите во болница. Потоа излегол надвор и отворил оган кон сите што му се нашле на патот. Усмртил уште седум лица, а ранил шест.
Фото: Социјални мрежи
* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.