fbpx

Потврдено! Ова е семејството кое загина: Пред хоророт мајката објави потресна порака

Цело семејство е убиено за време на страшниот конфликт меѓу Израел и Палестина

И додека во Израел продолжуваат крвавите судири (гласни експлозии се слушнаа во централниот дел на Израел и предградијата на Тел Авив во неделата навечер, а Хамас тврди дека го напаѓа меѓународниот аеродром Бен Гурион, кој се наоѓа недалеку од Тел Авив), на површина испливуваат детали за страшни крвопролевања што го извршија припадниците на Хамас во саботата наутро.

Има страшни сцени од киднапирање на деца, млади и стари луѓе кои Палестинците ги однеле во Газа, се претпоставува дека во нивни раце се околу 200 цивили. Најмалку 700 луѓе загинале, а повеќе од 2.000 биле повредени во Израел во најтешкиот ден на крвопролевање од војната за независност во 1948 година.

Меѓу убиените е цело семејство, сопружници и нивните три деца, јавува „Слободна Далмација“.

Израелците споделуваат нивна заедничка фотографија на социјалните мрежи со порака на хебрејски.

„Солзите не престануваат да течат и срцето боли. Може ли некој да ми објасни како можеш така да убиеш цело семејство? Во име на што? Зошто овие мали деца треба да платат во својот живот? Колкава суровост те учи на ова? Ништо на светот нема да ја утеши или лекува тагата. Во спомен на семејството Кедем Симан-Тов“, пишува во пораката.

Како што објави израелскиот политичар Нафтали Бенет, семејството било убиено околу полноќ.

„Целото семејство беше убиено ладнокрвно. Семејството Кедем: таткото Џонатан, мајката Тамар, 6-годишните девојчиња Шахар и Арбел и 4-годишното момче Омер. Погледнете ги нивните среќни лица. Нивната љубов. Сите тие беа убиени од палестински терористи во Кибуц Нир-оз.“, напиша тој покрај фотографија од семејството.

Инаку, Тамар Кедем пред неколку недели објавила фотографија која сите ја споделуваат на својот „Инстаграм“. Таа напишала дека очекува оваа година да биде добра за нив.

Следни Објави

Денеска е Свети Јован Богослов: Никако не правете го ова!

Најмладиот од 12-те христови апостоли и еден од четворицата евангелисти, Јован е наречен апостол на љубовта. Присуствувал на најважните настани од животот на Исус Христос, а по Распетието ја зел Богородица кај себе и се грижел за неа како за вистинска мајка до нејзиното успение. Бил талентиран писател и имал […]