Тажна вест
Сосема ненадејно, на 71-годишна возраст почина Борче Филчев, соопшти Кошаркарската Федерација на Македонија.
Филчев беше составен дел на женскиот кошаркарски клуб Бадел 1862-Скопје цели 35 години, од кои последните десет повеќе од успешно ја извршуваше претседателската функција.
„Со своето работење, организаторски способности и посветеност кон клубот, во значителна мера придонесе за успесите на популарните „баделки“, пишуваат од Федерацијата.
Под негово раководство клубот освои шест шампионски титули, четири трофеи во Купот на Македонија и пехарот за освојувачот на Суперкупот на Македонија.
Фото: Фејсбук