fbpx

Првите месеци беа стресни: Џокси проговори за ќерката

Ѓорѓе Васиќ, многу попознат како Џина Папас Џокси, е еден од нашите најпознати естрадни уметници. Позади себе има доста минат труд, но „На Велигден сум се заљубил“ е евергринот кој му ја одбележа кариерата.

Џокси за „Женски магазин“ го даде своето прво заедничко интервју со сопругата Виолета Крстевска Васиќ, а освен што ја раскажаа љубовната приказна, тие конечно проговорија и за нивното единствено чедо-ќерката Евгенија.

„Сé она што е поврзано Евгенија ќе бидеме ограничени во изјавите. Ќе напомнеме само она што до сега е објавено. Да, музички е писмена од своја 10та година, пред сé како член на мандолинскиот оркестар при ОУ Ј.Х. Песталоци под раководство на наставничката по музичко Трендафилка Тутновска, потоа како дел од Мандолинскиот оркестар Скопје под раководство на Рамадан Шукри и во МУ Ентерпрајз на Валентино Скендеровски под менторство на Андријана Јаневска. Има свои дела кои ги свири на тако и на мобилка. Инаку, дипломира на Економскиот факултет отсек Менаџмент при Универзитетот Кирил и Методиј, сипендист е на Јапонската Влада, магистрира на Универзитетот во Кјото под менторство на проф. Кијоши Кобајаши. И толку“, раскажува Џокси за „Женски магазин“.

„Како и на секој родител, кој се разделува од своето дете, не му е баш сé едно. Првите месеци беа стресни. Прилагодување на храна, вода, новиот начин на живот, јазична бариера Со тек на време ги надминавме сите тие мали болести кои денеска се секојдневие. И кога ќе видите радост и среќа на лицето на тоа дете, за кое цел живот се борите да го изведете на вистинскиот пат, и вие така се чувствувате. Паметам јас кога живеев и работев во Сплит, па ќе речеш во една држава сме, секој ден се јавував дома, додека сега во секој дел од денот можеме да се видиме и да размениме мислење“, дополнува познатиот музичар.

Следни Објави

Штедела и за само три години си купила стан: Сега откри и како

Оваа жена воодушеви многумина со својот начин на штедење, а секој што има доволно голем приход да ги покрие сите основни животни трошоци може да заштеди на овој начин Чери Хауи, девојка од Нов Зеланд, стана вистински хит на интернет откако сподели едноставен трик со кој заштедила пари за нов […]