Познатите личности се во шок по самоубиството на популарната ТВ-водителка од Висконсин и поранешна кошаркарска ѕвезда Нина Пеќолк.
Ѕвездата на утринските вести која имаше само 27 години, во саботата беше пронајдена мртва за време на полициски претрес на нејзиниот дом во Ваусау.
Трагедијата за медиумите ја потврди и нејзината сестра, откривајќи дека Нина воопшто не покажувала знаци на депресија и дека наскоро требала да застане пред олтар.
„Понекогаш едноставно не знаеш низ што поминуваат луѓето, без разлика колку мислиш дека некого го познаваш. Сестра ми имаше пристап до секој извор што можевте да го замислите. Таа зрачеше со љубов и позитивност и секогаш ги ставаше другите на прво место“, вели Кејтлин.
Нејзините колеги од телевизијата во која беше вработена послените пет години се шокирани од несреќата.
„Апсолутно сме уништени од загубата. Нина ја сакаше оваа заедница и луѓето што живееја овде. Беше љубезна личност со големо срце и заразна насмевка и многу ќе ни недостига“, велат тие.
Фото: Принтскрин Јутјуб
* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.