Популарната водителка си ја отвори душата
Откако нејзиниот близок пријател, поранешниот естраден новинар Зоран Василевски, на социјалните мрежи откри дека Лила Стојановска има здравствени проблеми и затоа веќе подолго време носи перика, вечерва конечно се огласи и популарната водителка.
На денот кога слави роденден, таа објави неколку фотографии со трогателна порака.
„Вечерва облеков фустан во бела боја.. Вечерва го славам животот, љубовта и мојот роденден. Оставам зад себе една тешка, претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден, да го почитувам секој момент и да бирам пријатели кои за мене би го направиле она што и јас за нив! Научив дека секој ден е борба и дека со добра мисла секој проблем е решлив. Овој ден е мој ден.. Овој ден е мојот роденден“, напиша Лила на „Фејсбук“.