fbpx

Го памтите захефтаниот пес? Маја има важна порака до „експертите“ за улични кучиња

Памтите дека утепаа куче со секира сред бел ден во Дебар маало? Го памтите захефтаното куче?

Памтите дека еден ги влечеше врзани за кола по асвалт? Памтите дека едно од стоковна мост беше фрлено? Или она што со петарди му ја разнесоа вилицата?

Јас памтам уште најмалку 50 вакви приказни. Ништо ново не се случи во Струга. Пред неколку години го направивме еден од најмасовните протести на оваа тема.

Баравме, предлагавме решенија, молевме да не поддржи јавноста. Здруженијата што попрво да прават, а веројатно и веќе издишаа од напластени обврски и долгови и од премногу затворени врати.

И сега сите нешто се разбудивте, вперувате прст ваму или таму. А решението е напишано одамна, ама нема кој да го спроведе.

Памтите дека еден политичар ветуваше анимал полиција?

Како и за се’ друго, проблемот е системски. Решението исто така. Ниту верувам дека ќе се промени нешто, ниту дека за три дена некој ќе се сеќава на оваа епизода.

И не ни треба Брисел, имаме квалитетни луѓе и дома, само немаат партиска книшка и не се главоклатачи. Одважете се и послушајте ги барем еднаш!

Фејсбук-статус на Маја Бабиќ

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Вие кои боцкате урбазон кај мали деца треба да ви биде срам! Јовановски удри по колегите

Утрово ми стигнува прашање во приватна порака од моја блиска роднина, која претходната ноќ поради покачена телесна температура ја носела својата тригодишна ќерка на лекар. Прашањето се однесуваше на тоа која е инјекцијата која детето ја добило за покачената температура (максималната температура била 39,2). Крвната слика и другите инфективни параметри […]