Се прослави како Чаки во легендарниот филм „Хајде да се волимо“
Во Сараево денеска почина познатиот босански актер Александар Саша Петровиќ.
Тажната вест на „Фејсбук“ ја потврди режисерот Срѓан Вулетиќ.
Глумецот кој на големото платно беше лудо вљубен во Лепа Брена, последните 15 години не даваше интервјуа. Живееше повлечено, а последната средба со поранешната југословенска ѕвезда ја имаше пред шест години во едно босанско шоу.
„Сонував дека сум го сретнала некаде по автопат во Швајцарија. Сонував дека ќе го видам и верував дека повторно ќе се сретнеме“, изјави Брена по средбата со „Чоки“.
Тој, пак, во препознатлив манир ѝ реплицираше.
„Поради тебе имам проблеми, десет години те прогонувам. Не може ни ЦИА да ти влезе во траг“, ѝ порача тогаш.
Пред две години Петровиќ кој играше и во популарната серија „Луд, збунет, нормален“ се повлече од актерството поради сериозни здравствени проблеми.
Имаше 61 година.