fbpx

Прва исповед по разводот: Тамара отворено за Мачка, еве што пресудило да се разделат

Тамара Тодевска по седум години брак лани се разведе од поранешниот кошаркар Александар Димитровски.

Двојката има две деца, ќерката Хана и синот Дарен, а сега во искрено интервју раскажа во кој момент сфатила дека разидувањето со популарниот Мачка е единствена опција и како и колку често комуницираат сега.

„Секојдневно комуницираме со Мачка. Ние имаме две деца, кои, пред сѐ, сакам да имаат среќно и исполнето детство. Хана и Дарен имаат двајца родители, и за мене многу здраво и нормално е да продолжи комуникацијата меѓу родителите и откако ќе се разделат. Тоа е во интерес на децата, кои се во специфичен период, затоа што се релативно „мали“, но апсолутно сѐ разбираат. Тие сега растат, стекнуваат навики и го обликуваат својот карактер. Затоа одговорноста на родителите е голема, а среќата на Хана и Дарен е наш императив“, вели македонската поп-ѕвезда за „Слободен печат“.

Што се однесува за крајот на нивната љубов, пејачката појаснува дека во секој брак, во секоја врска е различно и дека нема унифицирани и единствени правила.

-Партнерите најдобро знаат кога бракот/врската повеќе не функционираат и решаваат да се разделат. Повторно ќе кажам, при разделбите многу е важен интересот на децата. Во никој случај не смееме да ги пренесеме разочараноста и гневот кон децата и тие да претставуваат пинг-понг „топче“-завршува Тодевска.

Следни Објави

Се шири нов смртноносен вирус: Нови починати, сè уште нема лек

Пет лица заразени со вирусот Марбург починаа во северозападниот танзански регион Кагера, соопшти Министерството за здравство, јавува Би-би-си. Високата температура е чест симптом на овој смртоносен вирус сличен на ебола, често пропратен со крварење и откажување на органите. Министерката за здравство на Танзанија, Уми Мвалиму, изјави дека вирусот е делумно […]