fbpx

Се шири нов смртноносен вирус: Нови починати, сè уште нема лек

Пет лица заразени со вирусот Марбург починаа во северозападниот танзански регион Кагера, соопшти Министерството за здравство, јавува Би-би-си.

Високата температура е чест симптом на овој смртоносен вирус сличен на ебола, често пропратен со крварење и откажување на органите.

Министерката за здравство на Танзанија, Уми Мвалиму, изјави дека вирусот е делумно под контрола и уверена е дека нема понатаму да се шири.

„Во болницата се лекуваат три лица, а властите бараат 161 контакт“, открива таа.

Светската здравствена организација ја пофали стратегијата на Танзанија за контрола на ширењето на болеста.

Регионалниот директор на СЗО за Африка, Матшидисо Моети, рече дека напорите на здравствените власти во Танзанија да ја идентификуваат причината за болеста се јасен показател за нивната одлучност да одговорат ефикасно на избувнувањето.

Вирусот Марбург е „роднина“ на исто толку смртоносниот вирус ебола, кој е дел од семејството на филовируси и убива во просек половина од заразените, според СЗО.

Тоа е тешка, често фатална болест со симптоми како главоболка, треска, болки во мускулите, повраќање крв и крварење.

СЗО соопшти дека нема одобрени вакцини или антивирусни третмани за лекување на болеста, но додаде дека рехидратацијата со орални или интравенозни течности ги подобрува стапките на преживување.

Вирусот првпат беше идентификуван во 1967 година, откако 31 лице истовремено беа заразени и починаа во Германија и во Србија.

Оттогаш, случаи на инфекција се регистрирани во Гвинеја, Уганда, Ангола, Демократска Република Конго, Кенија и Јужна Африка.

Екваторијална Гвинеја ја објави својата прва епидемија минатиот месец. Според СЗО и локалните власти, најмалку девет лица загинале.

Следни Објави

За жал, се потврди она најлошото: Легендарниот југословенски пејач се бори за живот

Поп-ѕвездата проговори за тешката болест, се молиме да се опорави Јасмин Ставрос, хрватскиот пејач кој беше голема ѕвезда во Југославија, на 68-годишна возраст дозна дека има рак на коските. „За жал, се потврди најлошото. Имам доверба во лекарите, знам дека тие го прават само најдоброто за мене и се молам […]