Нов немил настан ги вознемири македонските граѓани
Бебе вчера починало во стомакот на родилка од Битола откако ѝ била дадена таблета да го испровоцира породувањето, ама родилката била пратена дома од лекарот гинеколог кој бил дента на смена.
Кога родилката се вратила ноќта на болница да раѓа веќе било доцна, дежурните лекари виделе дека бебето страда, по бојата и исцедокот на водењакот, се обиделе да ја породат родилката и да го реанимираат бебето, но му немало спас, дознава „Независен“ од болнички извори.
Директорот на битолската клиничка болница, д-р Александар Обедниковски, за истиот портал го потврдил случајот, но не дал детали, туку само кажал дека денеска во 14 часот ќе ги посети министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити.
Во тек е обдукцијата, па во зависност од наодот ќе се знае дали Битолското обвинителство ќе покрене истрага.
Пред само 20 дена во истата болница на Детското одделение почина малата Јана Христовска (6) откако прими инфузија.