До кога вака!?
Вознемирувачко видео од Тетово се споделува на социјалните мрежи.
На снимката се гледа како глутница кучиња ѝ се пуштаат на девојче кое вознемирено и испаничено почнува да вреска.
Во даден момент, девојчето паѓа на земја. За среќа, во близина има друг човек кој успева некако да ги избрка кучињата.
Немилиот настан се случил во една населба во близина на Универзитетот во Тетово.