Тажна вест денеска соопшти Националната опера и балет.
Почина Иван Василевски-Чиче, член на Оркестарот на НОБ.
„НУ Национална опера и балет со жалење ја прими веста за заминувањето на Иван Василевски-Чиче, тубист во пензија од Оркестарот на Националната опера и балет. Музичар кој 33 години ги посвети на музиката и на уметноста во својата матична куќа. Длабоко сочувство до семејството“, стои во соопштението на НУ Национална опера и балет.
Оние што го познаваа имаат само пофални зборови. Го обожаваа и роднините.
„Господин во секој смисол, за жал таков нема повеќе да се роди! Човек за почит, и на овој и на оној свет! Горда сум што ми беше свекор, татко за пример! Бог да го прости, нека му е лесна земјата“, напиша неговата снаа на социјалните мрежи.