Тажна вест
Почина Живојин Трајановиќ (1948-2023), сценограф во Националната опера и балет. Речиси целиот работен век го помина во оваа установа, но, исто така, работеше и на бројни културни манифестации и телевизиски проекти.
Роден е 1948 година во с.Табановце-Куманово. Во 1968 г. се запишал на Филозофскиот факултет во Белград, на отсек историја на уметноста-група музеологија, а во 1972 година се запишува на Академијата за применетата уметност, отсек сценографија, во Софија каде што дипломирал во 1976 година.
По дипломирањето, од 1977 година работи во Македонската радиотелевизија и во текот на двегодишното работење има реализирано над 60 проекти, сценографии и костимографии од различни жанрови. Од 1978 година работи во Македонскиот народен театар-Опера, како сценограф.
Во текот на изминатите години има реализирано повеќе оперски, балетски и драмски претстави. Со своите сценографски трудови учествувал на повеќе републички, државни и меѓународни изложби.
Длабоко сочувство до семејството.