Семејна драма како во најкрвав хорор филм ја вознемири јавноста
Златко П. во семејниот дом пукал и ја убил сопругата Билјана П., а потоа се обидел да се самоубие. Кога ги затекнал во локва крв, нивниот син Денис П. зел рачна бомба и се самоубил.
Страшна семејна трагедија денеска се случи во местото Добро Поље кај Бољевац. Иако првичните информации беа дека синот ги нападнал родителите, ја убил мајката и го ранил таткото, па потоа се разнел со бомба, полицијата успеала да го реконструира целиот овој трагичен низ на сосема поинаков начин.
Имено, според неофицијалната полициска верзија, меѓу сопружниците Билјана П. и Златко П. избила расправија, па во еден момент Златко земал пушка и ја застрелал сопругата. Билјана од повредите починала на лице место. Златко П. потоа си пукал во глава, но преживеал, иако е тешко повреден. Тој нелегално ја поседувал пушката.
Нивниот син Денис П., кога ги видел родителите во локва крв, зел рачна бомба и се разнел, наводно пред куќата.