fbpx

Го убил соседот (34), па се самоубил: Крвава драма во Демир Капија

Трагедија ги вознемири македонските граѓани, ова се деталите

Убиство и самоубиство се случило утринава во Демир Капија. Иако нема потврда од полицијата, сепак, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров потврдил дека се случил немил настан.

Тој изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.

Првичните информации се дека 72-годишник пукал во соседот што живеел над него во зградата, човек на возраст од 34 години, а потоа си пресудил.

Според неофицијални информации, имало и проштално писмо оставено од човекот што го извршил убиството, па се самоубил.

Се огласија и од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (16.5.2023), во 6.50 часот, во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во сопствените домови со прострелни рани биле пронајдени Б. М. (34) и М. К. (72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итната медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид“, соопшти МВР.

Следни Објави

Сведоштво за десеттата жртва на Коста, една работа ги вознемири сите

Девојчето кое беше тешко повредено во пукањето во белградското училиште „Владислав Рибникар“, почина вчера на Универзитетската детска клиника во Белград. А.А. (13) имаше тешки повреди на главата, опасни по живот. Лекарите со денови се бореа за нејзиниот живот, помина неколку операции, беа преземени сите мерки на интензивно лекување, но за […]