fbpx

Мртво бебе пронајдено во веце на кафуле: Сите се на нозе, полицијата трага по мајката

Новороденче е пронајдено мртво во тоалет во паб, а полицијата итно ја бара мајката на детето.

Телото на девојчето било откриено во неделата.

Брзата помош во Оултон, во близина на Лидс, пристигнала околу 16 часот и 45 минути на местото на хоророт, каде што констатирале дека бебето починало.

Полицијата во Западен Јоркшир сега очајно ја бара мајката на детето, пишува британски „Сан“.

„Ова е трагичен настан и итно апелираме до мајката на девојчето да контактира со нас или да побара лекарска помош, бидејќи таа поминала низ крајно трауматично искуство и можеби ќе има потреба од лекување“, изјави Џејмс Ентвистл од Главниот истражен тим.

Идентичен случај ја потресе светската јавност на крајот на минатата година.

На втори ноември, новороденче беше пронајдено мртво во контејнер во градот Порто Кристо на Мајорка, а полицијата успеа да ги реконструира настаните кои доведоа до страшно откритие.

Имено, трудницата се пожалила на мачнина, а нејзината сестра и девер ја собрале во автомобил. Меѓутоа, 40-годишна жена неочекувано се породила по пат. Потоа со автомобилот се упатиле до контејнер, каде што деверот на свекрвата го фрлил бебето кое било родено во 28-та недела и тежело само 300 грама.

Следни Објави

ШОК! Пронајдена мртва омилената актерка од ТВ-сериите: Итно се огласи мајка ѝ

Аманда Дејвис, актерката најпозната по улогата во сапуницата „Еден живот за живеење“, почина на 42-годишна возраст. Оваа вест шокираше многу фанови ширум светот, особено оние кои ја следеа нејзината работа во популарната серија на Еј-Би-Си. Дејвис е ќерка на познатата актерка Ерика Слезак (77), инаку добитничка на Еми. Таа го […]