Веста за ненадејната смрт на познатиот пејач и актер Влатко Илиевски пред пет години ја остави македонската јавност во неверување и тага.
Тој беше пронајден мртов во својот автомобил на улицата Трета Македонска бригада.
Илиевски почина во екот на својата популарност, а имаше само 33 години.
Денеска, на годишнината од смртта, на Влатче се сети и бизнисменот и поранешен скопски градоначалник Трифун Костовски.
„Да не се заборави! На денешен ден во 2018 година македонскиот музичар Влатче Илиевски беше пронајден мртов во својот автомобил. Влатко, остана вечно запаметен не само во мојата меморија, туку и во меморијата на цела Македонија“, напиша Костовски на „Фејсбук“.