fbpx

Не сакам да набројувам што сè ми дал.. Оваа позната фамилија му помогнала на Коки

Македонскиот музичар Никола Јанков, поранешен член на дуото „Дуле и Коки“, со една објава на својот фејсбук-профил ги разнежни своите следбеници.

Познатиот виолинист и автор одлучи да раскаже кој човек многу му помогнал во животот, а за скромноста и за искреноста доби стотици лајкови.

Во продолжение ви ја пренесуваме неговата објава.

„Забележано е во историјата на нашава Македонија, а имав и чест заедно со Дуле да бидеме неколку години во тесни релации со фамилијата Костовски, како нивна музика и буквално како нивни деца.

Тоа што од овие времиња ми е должност (тогаш и не сме биле свесни) е да го споменам Трифун Костовски. Не сакам да набројувам што сè ни дал и помогнал, не само на нас, туку на народот овде, како што самиот ќе каже-не се ни сеќавам колку и на кој.. но едно е многу важно, надоврзувајќи се на актуленостите кои ги следам со внимание.

Чичко Трифун да си жив и здрав уште многу години и ако некои луѓе треба да ја наведнат главата пред вас, јас ќе бидам меѓу нив. Сигурен сум дека како вас сè уште постојат луѓе со такво или слиќно срце, но во оваа убавина од парче земја за жал постои разочарување. Да не дозволиме да ни се скаменат срцата на нас останатите“, напиша Јанков.

Следни Објави

Дваесет години од смртта на Борис Трајковски: Еве што прават неговите деца

На денешен ден пред две децении загина Борис Трајковски. Тогашниот македонски претседател трагично го загуби животот во авионска несреќа на 26-ти февруари 2004 година.  Позади себе остави две деца, Стефан и Сара кои ги доби од бракот со сопругата Вилма. И двајцата не сакаат да се експонираат во јавноста и […]