Јавноста во шок, фановите се молат за нејзиниот живот
Тори Кели е итно е хоспитализирана. Американската пејачка и двократна добитничка на „Греми“ била со пријателите во ресторан кога почувствувала дека срцето ѝ чука забрзано, по што се онесвестила.
Постојат индиции дека здравствената состојба на талентираната 30-годишна кантавторка е сериозно нарушена. Лекарите откриле згрутчување на крвта во нозете и во белите дробови и истражуваат дали е зафатен и делот околу срцето.
Музичката ѕвезда била во ресторан во Лос Анџелес кога се пожалила на забрзан пулс. Таа колабирала, а пријателите ја однеле во болницата Cedars-Sinai во Западен Холивуд.
Нејзиниот портпарол одбил да го коментира случајот за „Пејџ Сикс“.
Тори Кели која се прослави во шоуто за таленти „Американски идол“ подготвуваше нов албум кој го најави со синглот Missin U.