fbpx

Син ѝ исчезна во Грција пред 32 години: „Ми се јави маж кој тврдеше дека е моето чедо, па доживеав ноќна мора“

Бен Нидам имал година и пол кога исчезнал. Последен пат бил виден на островот Кос во дворот на куќата на неговиот дедо во 1991 година. Момчето и неговата мајка се преселиле во Грција, скакош то таа вели, да започнат нов живот.

Кери, мајката на Бен, пред неговото исчезнување мислела дека син ѝ е со вујковците, но набрзо сфатиле дека момчето го нема. Во текот на полициската истрага постоел сериозен сомнеж дека во исчезнувањето е вмешан еден од членовите на семејството, но немало материјални докази дека некој го киднапирал момчето или му нанел штета.

Во 2016 година, полицијата се сомневаше дека Бен загинал истиот ден во несреќа во која учествувал локален рудар, но семејството на рударот негирало каква било поврзаност помеѓу момчето и него.

Со години се шпекулира што се случило со детето. Неговата мајка на 24 јули, на денот кога исчезна, гостуваше во емисија на телевизијата ITV и откри дека ја контактирал маж кој мислел дека е нејзин син.

„Се убедуваше дека е Бен. Различни работи му се случиле во животот и имаше впечаток дека родителите со кои пораснал не се негови биолошки мајка и татко. Откако разговарав со него, почнав да се убедувам себеси дека тој навистина е Бен. Размислував за тоа долго време. Сакате да имате отворен ум, но понекогаш е многу тешко да не дозволите чувството да ве води, особено затоа што тој човек многу личеше на него“, раскажа Кери.

Откако побарал ДНК-тест, излегло дека момчето кое тврдело дека е Бен не е синот на Кери.

„Срцето ми се скрши. Колку и да се обидов да се дистанцирам, не можев да го оттурнам. Иако полицијата го затвори случајот во 2016 година, сè уште немаме ниту еден доказ што се случило со моето чедо. Сè уште работиме да ја откриеме вистината“, заклучи таа.

Следни Објави

Пеколот е зад нас, метеоролозите најавуваат температури под просекот

Најнова прогноза, еве какво време не’ очекува Според моменталните анализи на Славчо Попоски, во текот на оваа вечер значително ќе залади, па пеколот конечно ќе го оставиме зад нас. Температурите на воздухот ќе бидат пониски од сегашните за дури десет степени, а наутро тие на повеќе места ќе се спуштаат […]