„Не сум сигурна дали тоа ги олеснува или ги прави работите потешки“, вели таа
По разделбата со нашата врвна алпинистка Илина Арсова, Игор Џамбазов максимално ѝ се посвети на работата.
Легендарниот актер и шоумен призна дека разидувањето едноставно морало да се случи, а дека за тоа биле свесни и двајцата.
„Далечината. Единственото нешто што може да ја победи љубовта. Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави уште во првите денови на нашата љубов. И конечно, кога короната и официјално не беше пречка за патувања, таа се спакува, во куферот што ѝ го подарив претходниот ден и замина. Исто како во „Бестрага“. Сите приказни исти се, тажни ко оваа“. Сите големи љубови се тажни, но јас сум возрасен човек и научив да се справувам со сѐ. Ги молам сите оние што нѐ сакаа и ја подржуваа нашата љубов, да не бараат виновници. Виновник за сето ова не постои. И понатаму сакам да продолжите да ја поддржувате Илина во нејзините акции, бидејќи таа е една посебна жена со која имав привилегија да бидам скоро три години. Од неа научив многу, а некои нејзини совети ќе ги користам до судниот ден“, раскажа Џамбазов пред девет месеци за „Слободен печат“.
Сега за истиот медиум конечно се огласи и Илина. На прашањето за нивниот однос по разделбата, таа откри нешто неочекувано.
„Тоj одбра да не бидеме во контакт. Не сум сигурна дали тоа ги олеснува или ги прави работите потешки. Не е лесно да немаш чувства кон оној што си го сакал и си бил во врска речиси три години. За нашата разделба немаше виновник, така што и нема причина да не бидеме пријатели“, вели Арсова за „Слободен печат“.