Немаше друг избор, освен да се повлече
Пејачката Сања Стојановиќ во 2007 година се натпреваруваше во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
Стигна до финалето и ѝ предвидуваа блескава кариера, но се случи инцидент кој се’ уште се прераскажува.
Нејзино домашно експлицитно видео беше пуштено во јавноста на почетокот на нејзината кариера.
Талентот за пеење падна во сенка и Стојановиќ немаше друг избор освен да се повлече од јавноста.
Денес изгледа сосема поинаку и искрено проговори за моментите кога ѝ се променил животот.
– Кога се појави видеото посакав да ме снема. Не умеев на мои дваесет години да се носам со целиот тој притисок на медиумите и од таа причина се повлеков. Полесно ми беше да исчезнам, да ме заборават и да престанат да пишуваат за мене – вели поранешната пејачка.
Признава дека откако нејзиното момче одлучило да ги злоупотреби нивните интимни моменти, најтешко ѝ било да ги погледе во очи татка си и брат ѝ.
– Беше голем срам за семејството. Но, нема враќање. На крајот од денот, никого не убив – искрена е таа.