Македонскиот хуморист Васко Тодоров, најпознат по неговото алтер-его Тошо Малерот, е актуелен со книгата „Тошо Малерот: монологија“.
Во истата се собрани култни монолози од легендарното шоу „К-15“, но и скечеви кои досега не биле емитувани на телевизија.
По враќањето од Австралија, Тодоров веќе подолг период е во родната земја. Даде неколку интервјуа, но во ниту едно не проговори дали во Скопје допатува сам и воопшто за неговиот моментален емотивен статус.
Пред пет години стапи во брак со Марија Христова кога и се пресели во Мелбурн.
– Одамна си забранив било какво планирање затоа што секогаш кога сум планирал нешто излегувало обратно! Мислам дека во Македонија да испланираш нешто и тоа да се реализира, спаѓа во научна фантастика! Моето искуство е такво и на сите што ги знам, секоја чест на исклучоците – изјави Тодоров во едно интервју запрашан дали планира засекогаш да остане во Македонија.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО